Новогодишните и Божиќните празници секогаш со себе носат одредена магија, чувство на надеж и среќа. Токму затоа сакаме се околу нас да биде убаво, весело и украсено на најдобар можен начин.
Тука централно место зазема празничната трпеза без која што не може да помине ниту еден празник. За таа цел ви нудиме неколку интересни идеи за да ги разубавите незаборавните семејни мигови.
Зеленило
Секоја трпеза ќе добие празничен изглед доколку ја украсите со неколку гранчиња од зимзелени дрвја. Бор, ела, смрека се може да дојде во комбинација. Поставете ги на средината на масата и ќе добиете дополнителна свежина на трпезата.
Украси
За празничната трпеза да биде уште поубава не ги заборавајте украсите, кои што можат да бидат во форма на лампиони или слични декорации во стилот на празникот. Сместете ги во средишниот дел на масата или ставете во проѕирни чаши.
Салфети
На пазарот има голем избор на новогодишни и божиќни салфети. Ваша задача е да ги изберете оние што најдобро ќе одговараат на атмосферата во вашиот дом. Наш совет е да одите со понеутрални варијанти за да се постигне баланс со празничниот декор на трпезата.
Свеќи
Свеќите се неизоставен дел од атмосферата за овие празници. Како и со салфетите, така и со свеќите, изборот е голем. Сепак најдобро ќе биде да им дадете предност на еднобојните и оние со широка основа.
Чинии
На трпезата чиниите се секогаш најважниот детал. Вкусното јадење ќе биде уште повкусно доколку и визуелно уживаме во чинијата на која што е послужено. Белата боја е секогаш полн погодок, но нема да погрешите и ако се одлучите за чинии со новогодишен или божиќен дезен.
Се надеваме ви помогнавме со нашите идеи за разубавување на празничната трпеза.
На крај само ќе ве потсетиме дека вистинската магија ја креирате самите вие.