Кејт Мидлтон со своите дечиња испрати честитка по повод Денот на мајките

20 март 2023

Кејт Мидлтон заедно со трите дечиња испрати слатка честитка по повод Денот на мајките во Обединетото Кралство.

Принцезата од Велс сподели фотографија на која што позира качена на дрво со своите деца во празнично, насмеано расположение.

Мидлтон, 41 ја гледаме во опуштено издание, класичен џинс, бела, перфорирана кошула и бели патики.

Најстарото дете принцот Џорџ, 9, носи сина поло маичка со кратки ракави, додека најмалиот член Луис, 4, е облечен во маичка на риги и кратки панталони, коишто се дрес код за помалите деца од кралското семејство.

Ќеркичката Шарлот, 7, изгледа прекрасно во тексас фустанче со црвени детали.

Кејт сподели уште една фотографија, на која што го држи во прегратка принцот Луис.

Фото: Facebook

Објавено:
20 март 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
240 пати