Кои се последните најпопуларни модни наслови?

12 јуни 2014

Книгите се навистина одличен избор кога сакате малку да се тргнете од секојдневните обврски и динамичноста на животот. Социјалните мрежи постојано не „бомбардираат“ со информации и вести од целиот свет, но понекогаш не е доволно само да се биде информиран. Читањето книги е процес ја облагодарува душата и го збогатува нашиот интелект. Затоа денес решивме да ви ги презентираме најдобрите модни наслови кои сигурно ќе го задржат вашето внимание барем додека уживате дома затскриени во сенката на балконот или дворот или додека се сончате на белите песочни плажи.

„ The Legendary Images/Great Photographers and Dior“

Во оваа книга е раскажана приказната за работата на легендарниот дизајнер Кристијан Диор, преку фотографски кадри кои датираат уште од неговите почетоци. Книгата претставува вистински албум каде на едно место се собрани ѕвездените моменти и најубавите дизајни на познатиот креатор.

„100 Ideas that Changed Street Style” (Laurence King) напишана од Џош Симс“

Авторот Џош Симс се обидел во книгата да ја долови уличната мода меѓутоа перцепирана низ неговиот моден дурбин. Според него стрит модата е есенција од повеќе стилови на урбано живеење. Да се биде модерен според него не е само изборот на соодветна облека која припаѓа на некаков тренд , стил и сл. Тој во книгата ја опишува и еволуција на фризурите низ годините, развојот и менувањето на тетоважите, накитот, дизајнот на маските на мобилните телефони, се она што било сензационално и оставило некаков белег во 50-тите, 60-тит, 70-тите, 80-тите-90-тите па се до денес со особен акцент на екстремноста и оригиналноста во креирањето на модните визии.

„The Fashion Swatch Book” (Thames & Hudson) напишана од Марни Фог“

Станува збор за литературно издание кое во себе содржи над 1155 илјади мостри, односно примероци на ткаенини кои дизајнерите ги користат за изработка на своите креации. Крупните кадри се направени со одличен квалитет, за читателите да можат на некој начин да го почувствуваат и составот на материјалот.

“This Is Warhol” (Laurence King) напишана од Catherine Ingram, збогатена со илустрации од Ендру Реј.

Оваа книга е дел од серијата литературни дела посветени на животот на уметниците и ја раскажува приказната за последниот поп аватар, Енди Ворхол. Станува збор за графичкни моден роман каде се зборува за животот на Енди Ворхол опфаќајќи го периодот од неговото детство, па се до неговото афирмирање во модниот свет и славата која ја доживува.

“French Riviera: Living Well Was the Best Revenge” напишана од Хавиер Жерард.

Никој не може да им одолее на винтиџ фотографиите особено ако се направени во единствениот амбиент на француската ривиера. И оваа книга еден албум на фотографии на дел од најпознатите модни икони низ историјата, почнувајќи од актерката Анабела кои датираат од 1933, па сликите од дваесеттите на Зелда и Скоти Фитцџералд кои го претставуваат гламурот на едно одминато време, безвременскиот фотографски портрет на Коко Шанел, фотографијата на Марлен Дитрих, но и многу други кои сигурно ќе ве однесат во едно време каде класиката, едноставноста и елеганцијата беа основните начела врз кои се калемеше модата.

„Brazilian Style” напишано од Арманд Лимнандер.

Ова дело претставува неформална енциклопедија за сите елементи кои го сочинуваат бразилскиот стил. Славните личности како фудбалската легенда Пеле, топ моделот Жизел Бундшен и други имаат свои поглавја во книгата каде зборуваат токму за тајните состојки и заштитните знаци кои го градат бразилскиот стил низ годините.

Објавено:
12 јуни 2014
Категорија: 
Култура