Кој е Дејвид Атенборо? Најпропатуваниот човек на светот има 96 години и сè уште снима емисии за планетата Земја

26 август 2022

Речиси и да не постои човек на планетата Земја кој не сака да патува. Вистинска реткост се оние кои никогаш не почувствувале желба да го сменат своето опкружување и да пропатуваат до некоја нова локација. За некои пак, желбата за патување и истражување на нови места е речиси „дел од нивната ДНК", таа е потреба која е невозможно да се игнорира.

Но, можноста да се посетат далечни и егзотични дестинации несомнено претставува луксуз. За многумина едниствен начин да дојдат во допир со нив е преку едукативни емисии, фотографии и литература, а една од најзаслужните личности во светот кои помогнала да им се доближи светот на оние кои не се во можност да го истражат е Сер Дејвид Фредерик Атенборо, англиски радиодифузер, биолог, природен историчар и автор, за кој се претпоставува дека е човекот кој најмногу патувал во историјата на човештвото.

Ова се неколку познати факти за овој импресивен човек.

- Сер Дејвид Фредерик Атенборо, роден во Лондон, на 8 мај 1926 година. Тој е средниот од тројца синови во семејството; неговиот постар брат Ричард (почина во 2014 година), бил актер и режисер, а неговиот помлад брат Џон (почина во 2012 година), бил извршен директор на италијанскиот производител на автомобили Алфа Ромео.

- Атенборо го поминал своето детство собирајќи фосили, камења и природни примероци.


Фото: thegentlemansjournal.com

- Кога Атенборо почнал да работи во телевизија, тој немал телевизор во неговиот дом, како и повеќето луѓе во тоа време.

- Атенборо посвоил две еврејски деца за време на Втората светска војна, а тажниот факт е дека природата, поточно цунамито во 2004 година, ја предизвика најголемата трагедија на неговото семејство, кога цунамито ги однесе животите на неговата ќерка, внука и свекрва.

- Тој е најпознат по пишувањето и презентирањето на деветте документарни серии за природна историја што ја формираат збирката „Life" (сеопфатно истражување на животинскиот и растителниот свет на Земјата), во соработка со Би-Би-Си.

 

- Од 1965-1969 година бил менаџер во телевизијата Би-Би-Си, а потоа во нивниот официјален документ напишал дека додека постои телевизија Би-би-си, мора да има и програма за природата како задолжителен ТВ материјал.

Фото: thetimes.co.uk

- Се смета за човекот кој го има најмногу пропатувано светот, а само за емисијата „Живот на птиците", Атенборо ја препливал земината топка десет пати.Неговите емисии „Planet Earth" и „Planet Earth II" се највисоко оценетите телевизиски емисии на сите времиња (според IMDB 9,5 и 9,4).


Фото: IMDB screenshot

- Атенборо е единствениот кој освоил награда БАФТА за програма во црно-бела, боја, HD, 3D и 4k.

- Се смета за еден од најголемите екологисти во светот, а од сите луѓе во историјата, тој го посочи
Џорџ Буш како најголем
негативец на околината.

- Најмалку 11 растителни и животински видови се именувани по него.

 

- Дејвид го држи и рекордот на Инстаграм. Тој отвори профил на Инстаграм во обид да ја подигне свеста за борбата против климатските промени. Кога ја објави првата слика, милион луѓе го следеа за само четири часа.


- Во 2020 година, Атенборо беше именуван за член на Earthshot prize Council, иницијатива на принцот Вилијам за изнаоѓање решенија за еколошките прашања. Тој е покровител на Friends of Richmond Park и фигурира во советодавниот одбор на списанието BBC Wildlife.

- Дејвид не ја губи вербата во младата генерација и во нивната борба за зачувување на планетата. „Анкетите постојано покажуваат дека миленијалците, луѓето родени по 1980 година и „Генерацијата З", како што најчесто се нарекуваат луѓето родени по 1996 година, ги сметаат климатските промени за најважното прашање на нашето време. Тоа е нивниот свет и нивното утре", вели тој.

- Оваа година, тој наполни 96 години и сè уште снима емисии.

 

Објавено:
26 август 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
333 пати