Конечно легендарните Битлси добиваат биографски филм

21 февруари 2024

Животните приказни на четворицата легендарни членови на Битлси ќе добијат филмско остварување.

Поточно, планирани се вкупно четири, биографски филмови, за секој член одделно.

Според прогнозите филмовите ќе бидат готови во 2027- ма година, а јавноста ќе има одлична можност да погледне одблизу како секој член на бендот ја доживувал големата популарност.

Режисер на овој амбициозен проект е Сем Мендес, а зад продукцијата стои студиото Sony Pictures Entertainment, коешто ќе ги финансира и дистрибуира сите четири филма.

Бендот Битлси низ историјата беше дел од различни документарци, но ова ќе биде прва прилика да ги видиме нивните животни приказни во форма на игран филм.

Ринго Стар и Пол Мекартни, двајцата живи членови на групата, го поддржуваат проектот во целост, што е од големо значење за целата продукција, но и за фановите.

Фото: Pinterest

Објавено:
21 февруари 2024
Категорија: 
Култура