Жан Пигоци фотограф

Кралот на селфито

20 септември 2017

Пред повеќе од 40 години, Жан Пигоци ќе направи со својот фотоапарат Лајка М4, преку стотина селфи фотографии со познати личности: актери, режисери, уметници, музичари, писатели, модни дизајнери, спортисти, рок икони, комичари, модели, могули, издавачи...

Сите оние кои го дефинираат 20-от век ќе се најдат пред неговиот фотоапарат, свртен кон него во средина и познатиот лик до него.

„Тоа што јас го правев не го правеше ниту еден друг пред мене.Тоа не значи дека немало некој друг, но јас не видов во времето кога јас го правев тоа“.

Со право го нарекуваат крал на селфито.

Од својата најрана младост ќе почне да се занимава со фотографија. Своето детство го минува во Париз, неговиот татко ќе ја формира популарната автомобилска компанија SIMCA и ќе му ја даде на својот син својата стара Лајка кога тој имал само десет години.

„На почетокот фотографирав само деца и кучиња и сакав да имам еден таков фото дневник од моето детство. Пишував во него и ги редев моите фотографии“.

Ден денес Пигоци го носи својот фотапарат 360 дена во годината.

 

Објавено:
20 септември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
111 пати
Извор: 
vanity fair