Креациите што ги одбележаа 66-те по ред Греми награди

5 февруари 2024

По доделувањето на филмските и телевизиските награди на ред стасаа музичките или Греми наградите.

Годинава престижната манифестација се одржа по 66-ти пат, а за локација беше одбрана Crypto.com арената во Лос Анџелес.

На црвениот тепих како и секоја година продефилираа музичките ѕвезди, секој во своја уникатна креација, некоја повпечатлива од другите, но сите со една цел – да се заблеска пред камерите.

Гламурозни тоалети, светкави фустани, доминација на црната боја, смели костими, тантела и проѕирни решенија беше дел од тоа што можеше да се види пред почетокот на 66-те Греми.

Во однос на победниците признанијата за четирите најважни категории албум, песна,видео и најдобар нов артист ги понесоа Тејлор Свифт, Били Ајлиш, Мајли Сајрус и Викторија Моне.

Свифт постави нови рекорд по четврт пат ја доби наградата Албум на годината.

SZA, Викторија Моне и песните од филмот Barbie освоија по три награди, додека Тејлор Свифт, Мајли Сајрус и Били Ајлиш по два трофеја.

Кајли Миног за прв пат по 20 години освои награда на Греми и тоа за песната Padam Padam, како и Мајли Сајрус која дома однесе два трофеја.

Дуа Липа ја отвори вечерта, а меѓу другите настапи имаа и Били Ајлиш и Оливија Родриго.

Во продолжение ги гледаме креациите што го одбележаа 66-то Греми издание.

Фото: Getty

Објавено:
5 февруари 2024
Категорија: 
Култура