Културниот центар „Кула“ организира изложба на учесниците од работилницата за креативна употреба на шивачката техника.
Со оглед на големата заинтересираност и посетеност на работилницата од страна на учесниците, овој прв проект на „Кула“ успеа да ја оствари својата цел во соединување и вмрежување на креативни млади луѓе.
Самиот простор на „Кула“ изобилува со креативна енергија и е одлично место за споделување на креативни содржини. Менторите и координаторите на работилницата се мошне задоволни што можат да потврдат дека работилницата беше успешна и продуктивна.
Учеството на групата млади луѓе придонесе со интензивна наклонетост кон шиењето, а консенквентно се манифестираше максимална прецизност и перфекционизам во изработувањето на производите.
Имено, предметите што ќе се изложат, ќе бидат дела од типот на: ранци, торби, навлаки за перници и мобилни телефони, несесери и слично.
Изложбата ќе се случи вечерва со почеток од 20 часот во културниот центар „Кула“.