Лени Кравиц во Скопје доаѓа со десет камиони звук и светло!

2 април 2019

На речиси еден месец пред одржувањето на големиот концерт на Лени Кравиц во Скопје, во сепак за таков тип на концерт малата ВИП Арена, познати се сите технички детали.

Имено, Лени е познат како музичар кој која трга на светска турнеја, секогаш носи со себе своја (во тој момент) најнова и најсовремена продукција.

Па така, во Скопје доаѓаат десет камиони, шест автобуси и тим од 60 луѓе кои се вклучени во оваа турнеја, додека од наша страна се бараат 160 луѓе да бидат подготвени во секое време да работат на поставување на таа продукција.

Сево ова е доказ дека Скопје ќе види многу големо шоу какво што Кравиц ќе одржи на сите свои концерти во рамките на „Raise Vibration“ турнејата, каде што свири во сали со капацитет од 15.000 посетители па нагоре.

Интересот за овој концерт е огромен во целиот регион, а влезниците можете да ги набавите преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на www.avalon.mk.

 

Објавено:
2 април 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
346 пати