Лето во Македонија: Љубојно и Брајчино - љубов и рај за очи и душа

30 јули 2020

Ако досега не сте се вљубиле во Преспа, сигурни сме дека посетата на Љубојно и Брајчино ќе ви помогне во тоа.

Две преспански села, на кои нема да останете рамнодушни. Уште од првото стапнување ќе се воодушевите на куќите изградени од камен. Убави на лик, а уште повеќе разубавени со различни цвеќиња на речиси секоја куќа, за момент ќе помислите дека сте некаде во странство.

Преку напуштените куќи, по некоја рушевина, но и фантастично уредените комплекси, направен е спој на тагата и минатото време и она што значи иднина и селски туризам, кој може да биде уште поразвиен од тоа што е сега.

Чистина, мир, спокој и дишење со полни гради - тоа можат да ви го понудат овие две села и топло ви препорачуваме да ги прегрнете.

Првин ќе се запознаете со Љубојно, а на него веднаш се надоврзува Брајчино - преточени во една нераскинлива приказна.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Alluring Prespa (@alluringprespa) onJul 27, 2020 at 1:39am PDT

Љубојно се наоѓа на надморска височина од околу 920 метри и зафаќа простор од околу 13 километри квадратни. Љубојно е оддалечено околу 28 километри од општинскиот центар Ресен, а шеесетина километри од Битола и од Охрид.

Според народните преданија, Љубојно своето име го добило од зборот „љубов“. Многу одамна се вљубиле момче и девојка, кои живееле во две соседни населби. Поради лошите меѓусоседски односи на жителите од населбите, младите не смееле да се земат. Меѓутоа, тие сепак одлучиле да се земат и заедно да побегнат. Се доселиле во близината на реката и тука останале среќно да си живеат. Подоцна, кај тоа место на вљубените, се доселиле други семејства и, поради тоа, населбата ја нарекле Љубојно.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Igor Panevski (@igorpanevski) onJul 14, 2020 at 11:11am PDT

Според друга легенда, во далечните години на XIV век, во Љубојно имало некоја меанџика по име Љуба. Кога оделе луѓето во меаната, таа им точела добро вино. Од толку што било добро виното, гостите го нарекле „Љубо – вино". И по тие зборови населбата ја нарекле Љубојно.

Веројатно, овие приказни се само прераскажување на постарите од овој крај, но она што е вистина е дека нема шанси да дојдете во селото и да не се вљубите во сета убавина околу вас. Всушност, она што најмногу трогнува е посветеноста со која овие граѓани се трудат да го одржат местото живо и со душа.

Малку погоре, на надморска височина од 1000 метри е сместено Брајчино.  Благодарение на Брајчинска река и фантастичната шума, ќе се потсетите што значи да се дише чист и свеж воздух.

И она што сте го доживеале во Љубојно, добива свое продолжение тука. Тесни сокачиња, со големи куќи, прекрасни дворови и цвеќиња. Неколку автентични ресторани, кои не можете да ги одминете. Брајчино има и фантастични велосипедски патеки и неколку обележани планинарски патеки.

Низ густата букова, дабова и ореова шума богата со извори, патеките водат кон врвот Пелистер (3 часа) и Големото Езеро од Пелистерски Очи (6 часа). Продолжуваат до планинарските домови Неолица и Копанки и селото Нижеполе во Битолско, кои се обележани со патоказни табли и планинарско обележување.

Кога сте таму, не пропуштајте ја прошетката до манастирот Св. Петка и петте цркви во селото- Св. Никола, Св. Богородица, Св. Илија, Св. Арангел и Св. Атанас.

Посебен впечаток ни остави Св. Богородица, сместена над селото, од каде се гледа Преспанското езеро, глетка која ќе ве воодушеви. Стара црква, но мошне убаво уредена. Се верува дека оние што имаат проблем со очите и плодноста треба да се измијат токму со светата вода од ова место. Црква во која замислените желби стануваат стварност. Црква чие окружение ќе ве смири и „омекне“.

А ако сакате прошетка повеќе, тркнете и до село Курбиново, да ја видите црквата св. Ѓорѓија, сместена под ладовината на огромен храст.

И да, не заминувајте без да пробате некој преспански специјалитет или некое слатко или шумски ликер. Во тоа се најдобри.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Creative Crafts (@creativecraftsmk) onJun 7, 2020 at 3:24am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Metodi Aleksandrov (@metodialeksandrov) onJul 2, 2020 at 8:45am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Katerina (@ka_terina6440) onApr 4, 2020 at 6:37am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Biljana Kostovska (@mravka505) onJul 10, 2020 at 10:53am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Biljana Dukovska (@bolvicka) onSep 28, 2019 at 2:57pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Igor Eftimovski (@igor_eftimovski) onAug 21, 2017 at 6:01am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@savetheearth.mkd) onMay 19, 2020 at 11:27pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nikola Shushevski (@nik.shushe) onMay 17, 2020 at 10:32am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @mrs.stefanovska onAug 6, 2019 at 12:39am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Gospogica Gospoga (@gospogica) onMay 2, 2019 at 9:10pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Verica Markovska (@veramarko) onSep 9, 2018 at 1:33pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by borjan (@borjan_jovanovski) onAug 4, 2018 at 3:47pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Biljana Kostovska (@mravka505) onJul 8, 2020 at 3:17pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Alluring Prespa (@alluringprespa) onJul 29, 2019 at 4:35am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kristina Svetieva (@kristinasvetieva) onSep 17, 2016 at 11:52am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by sir Goce (@sirgoce) onAug 28, 2016 at 9:32am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marija (@hershey_5179) onJan 8, 2016 at 7:58am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by pelister guides (@jonche.ilievski) onMay 29, 2018 at 5:14am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Alisija Kolevska (@alisijak) onSep 10, 2017 at 9:04am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Katerina Arsova (@lyanna_stark) onAug 28, 2016 at 2:50pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Katerina Arsova (@lyanna_stark) onAug 28, 2016 at 2:39pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @v_ase onJul 31, 2016 at 8:42am PDT

Објавено:
30 јули 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
7.459 пати