Лето во Македонија: Откријте ги убавините на Тиквешко Езеро

29 јуни 2020

Последниот пат зборувавме за убавините на Галичица, а сега ќе се префрлиме во Тиквешијата. Овој прекрасен предел на Македонија е можеби неправедно запоставен од туристите.

А токму во овој дел се наоѓа прекрасното вештачко Тиквешко езеро. Се наоѓа во кањонот на реката Црна и е одалечено 12 км од Кавадарци, односно 3 км јужно од селото Возарци.

Ова е воедно и најголемото и најдлабоко вештачко езеро кај нас. Има површина од 14 километри квадратни, а должина од околу 28 километри. Најголемата длабочина изнесува 105 метри.

Езерото датира од 1968 година, со преградување на кањонот на Црна река и со изградба на брана висока 104 метри.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Ilova Nadica (@ilova_nadica) onMay 16, 2020 at 3:07am PDT

Природата околу езерото е фантастична и ќе ве освои. На средниот дел од езерото, на левиот брег, северно од месноста Полошко се сретнува дрвото наречено „Гол човек" (Arbutus andrachne) кое е зимзелено и претставува реткост во Европа. Шумите се претежно дабови, богати жир и претставуваат добра храна за голем дел на животинските видови. Температурата на водата во летниот и есенскиот период изнесува 24 целизиусови степени, па го прави привлечно за бројни капачи, но и љубители на спортови на вода.

Интересен е податокот дека Тиквешко езеро има три трајни острови. Најголемиот се нарекува Градиште, зафаќа површина од 2,3 ха и не е населен. Покриен е со густа шума, а можат да се забележат и остатоци од некогашни градби, по кои е наречен. Другите две се мали островчиња со куќи и придружни објекти, на мошне мало растојание од брегот. Едното е во атарот на Брушани, а другото кај одливот на езерото во р. Блашница.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@eli_rehurkova) onJul 3, 2017 at 2:21am PDT

Но, овој дел е интересен и поради големиот број археолошки наоѓалишта, населби, манастири, па престојот на Тиквешкото езеро и околината секако нема да ви биде досаден. Посебно не пропуштајте ги пештерската црква „св. Лазара“, во близина на вливот на реката Каменица во Тиквешко Езеро и „св. Марко“ во близина на село Драдња, како и Полошкиот манастир, „св. Ѓорѓи“

Манастирот е значаен споменик на културата, посебно познат по фреските со кои е украсен.

На десетина километри источно од Тиквешкото Езеро се наоѓа Галичката пештера. Се верува дека е многу стара, а откриена е пред неколку години од спелеолози од Македонија и Франција. Тие се категорични дека оваа пештера е една од најубавите во Македонија. Французите биле фасцинирани од неа, не само поради нејзината старост, туку и поради убавините и богатството кои ги поседува. Македонските спелеолози велат пак, дека таа е пребогата со калцитни пештерски украси, кои досега ниту домашните ниту пак странските посетители немале можност да ги видат.

На крајот, во околните крајбрежни викендички ќе наидете на многу рибари, кои нема да ве поштедат со некои од најпознатите рибарски приказни, кои се пренесуваат со генерации меѓу локалното население.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Стефан Видиков (@stefanvidikov) onJun 22, 2020 at 10:34am PDT

Легендата вели дека во Тиквешкото Езеро имало огромни риби кои голтале цели чамци заедно со луѓето во нив. Но, легенда или не, необичните риби на дното на езерото ги имаат забележано во поново време и нуркачки експедиции. Се претпоставува дека сомовите што живеат во Тиквешко Езеро се многу стари и со несвојствена големина. Според рибарската легенда се верува дека најголемиот е колку кит. Сомовите се мрзливи суштества што претаат во песокот на дното, а на површина излегуваат само да ја отворат устата чекајќи нешто да влезе. Не е исклучено и да ја имате таа среќа да видите некој од овие водни ѕверови.

И кога сте веќе во Тиквешијата, не заминувајте без да поминете во Кавадарци и да ги вкусите некои од најубавите домашни вина. Сето ова заедно ќе биде уникатно и незаборавно искуство, а фотографиите во продолжение само ќе ви го потврдат тоа:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @thevintagefeelings onMar 29, 2020 at 5:36am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lazov_Drones (@lazov_drones) onMar 22, 2020 at 3:21am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Mario Sotirovski (@sotirovski13) onNov 23, 2019 at 7:16am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by CampingHiking Outdoor (@campingmk) onJul 22, 2019 at 6:04am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Pazar3 (@pazar3) onJul 12, 2019 at 12:00am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Zografski Oliver (@zografskioliver) onJun 30, 2019 at 11:32am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Photokav (@photokavadarci) onJun 24, 2019 at 8:04am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Makeataste (@makeataste) onJun 2, 2019 at 4:59am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Katerina (@kettka) onFeb 11, 2019 at 2:18pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@_kobac___) onAug 21, 2018 at 1:06am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by(@grizhev_georgi) onAug 20, 2018 at 5:39am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@grizhev_georgi) onAug 10, 2018 at 4:29am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by(@grizhev_georgi) onAug 7, 2018 at 6:07am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Petar Ivanov (@5ar4e) onAug 10, 2018 at 10:44am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Max Marinković (@max.marinkovic) onAug 4, 2018 at 10:23am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by JourneyMacedonia (@journeymacedonia) onJan 21, 2018 at 5:39am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by TIKVESKI TOCAKDZII (@tikveskitocakdzii) onOct 6, 2017 at 9:32am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Коцев Ѓорѓи (@gjokekocev) onAug 21, 2016 at 2:00pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Iuliia Dziadevych (@kvitkakavy) onOct 13, 2016 at 2:17pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Iuliia Dziadevych (@kvitkakavy) onOct 13, 2016 at 2:06pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Christina Ristovska (@christina.ristovska) onJun 15, 2020 at 2:59pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vladimir Stojanoski (@vladimirstojanoski) onOct 30, 2017 at 9:05am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Riste Stamadziev (@ristestamadziev) onJun 25, 2020 at 6:20am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Riste Stamadziev (@ristestamadziev) onJun 24, 2020 at 4:04am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Riste Stamadziev (@ristestamadziev) onJun 23, 2020 at 4:49am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Riste Stamadziev (@ristestamadziev) onJun 17, 2020 at 1:47pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Macedonia (@the_pearl_of_macedonia) onJun 9, 2020 at 12:38am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by TEODORA TOSHEVA PHOTOGRAPHY (@tosheva_photography) onMay 18, 2020 at 9:30am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Macedonia (@the_pearl_of_macedonia) onMay 8, 2020 at 1:40am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Riste Stamadziev (@ristestamadziev) onMar 15, 2020 at 6:54am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Riste Stamadziev (@ristestamadziev) onMay 10, 2020 at 10:47pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Larisadesingstudio (@larisadesingstudio) onMay 7, 2020 at 5:55am PDT

 

 

дел од податоците се користени од macedonia-timeless.com; wikipedia.com;

Лето во Македонија: Крушево, градот на емоциите

Лето во Македонија: 300 скалила до прекрасниот Смоларски водопад и прошетка низ Струмица - градот на ѕвездите

Лето во Македонија: Сливница, местото со најубавата и најромантична плажа

Лето во Македонија: Долно Дупени, место на најубавите зајдисонца

Лето во Македонија: Лазарополе - каде воздухот е најчист, а душата смирена

Лето во Македонија: Дојран - каде утринските прошетки се најубави, а рибарските приказни неброени

Лето во Македонија: Воодушевувачкиот поглед од Галичица ќе ви ја погали душата

Лето во Македонија: Прошетка низ „Памук Кале" и Прилеп - град пребогат со историја и вкусна храна

 

Објавено:
29 јуни 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
6.406 пати