Веруваме дека летово, ако воопшто бидеме во можност да го уживаме, поголемиот дел од граѓаните ќе се упатат накај Охрид и Преспа.
А ако веќе одите во тој дел од државата, зошто да не поуживате и во убавините на Галичица. Оваа планина нуди еден од најубавите и воодушевувачки погледи на двете езера истовремено.
Оваа неповторлива глетка ќе ви остане во сеќавање засекогаш. А Галичица со сета своја раскош, како вистинска убавица ќе ве шармира и освои за да ѝ се вратите повторно.
View this post on Instagram
Дел од планината претставува Национален парк Галичица, а заедно со градот Охрид и езерото, ставена е под заштита на УНЕСКО.
Највисокиот врв Магаро, кој им го препорачуваме само на поискусните планинари, се наоѓа на надморска височина од 2.254 метри. Теренот има голема застапеност на реликтни растенија, при што 11 растителни видови може да се сретнат само на ова место, а регистрирани се и 26 ендемични животински видови. Тоа се должи на големото количество дожд во текот на годината. Посебно фрапантна е бројката на пеперутките – 1644 видови на толку мал простор.
Ако одите во националниот парк Галичица и околината, не пропуштајте ја можноста да посетите некои од најубавите цркви.
View this post on Instagram
Од пештерските цркви под заштита се ставени: Црквата „Св. Богородица" во с. Пештани од XIV век, Црквата „Св. Богородица" во авто кампот Градиште, Црквата „Св. Стефан" која потекнува од средината на IX век, која е со конзервиран живопис. Од пештерските цркви кои се уште не се ставени под заштита се: Црквата „Св. Петар и Павле" на Преспанско Езеро, во близина на границата на Република Македонија со Република Албанија, Црквата „Св. Петка", помеѓу с. Стење и с.Коњско лоцирана на карпите на брегот на Преспанското Езеро, Црквата „Св. Илија" близу с. Трпејца која е од 14 век.
View this post on Instagram
Планиска куќа Шарбојца - Асанџура
Оваа планинарска куќа ви овозможува да се оттргнете од градското секојдневие и да уживате во беспрекорната природа што ја поседува Националниот парк. Располага со 20 кревети во 4 комплетно опремени соби, кујна, соба за дневен престој, мини ресторан за 20 особи и летна тераса што ќе ви овозможи да се чувствувате удобно и комфорно. Во близина на куќата се наоѓа пештерата Самотска дупка, Симонческа локва, врвот Томорос и многу други вредности кои трајно ќе останат врежани во вашите сеќавања. До неа се стигнува од две страни и тоа од охридската страна преку селото Велестово по планински пат со должина од 18,6 км од кои 4,1 км се асфалтен пат и 14,5 км се земјен пат. Од преспанската страна се стигнува по пат со вкупна должина од 9,1 км од кои 3,7 км се асфалтен пат и 5,4 км се земјен пат.
Во близина на куќата има и место за кампување за сите оние кои сакаат таков вид активност.
„Јадера“, „Корита“, видиковецот „Лескоски уши“ како и Куќа за набљудување на птици - Стењско блато се уште неколку од излетничките места каде што можете да си поминете убаво и да уживате.
Самотска дупка
Во Паркот се регистрирани десеттина подземни карстни форми-пештери и пропасти. Пештерата Самотска Дупка е најголемата пештера во Националниот парк Галичица. Влезот на пештерата е изграден во подножјето на компактен карпест отсек висок 10 м. Вкупната должина на пештерата, заедно со споредните пештерски канали изнесува 224 м. Низ Самотската Дупка некогаш поминувала подземна река. Во пештерата се среќаваат пештерски украси, салви, драперии и пештерски бисери, а сталактитите и сталагмитите се многу ретки.
View this post on Instagram
Островот Голем Град
Еден од спомениците во паркот, кој по своето значење спаѓа меѓу позначајните од ваков вид не само во рамките на паркот и во регионот туку и пошироко, а истовремено е строго заштитено подрачје, е островот Голем Град во Преспанското Езеро. За да стигнете до истио,т превоз може да најдете во селата Стење и Коњско. Островот Голем Град е единствениот остров во Македонија.
Иако има уште многу да се ужива во оваа планина и националниот парк, за крај сепак ќе ја споменеме и прошетката со кајаци на изворите на Црн Дрим. Извориштата кај манастирскиот комплекс св. Наум е неповторливо и затоа доколку сте во можност, ова доживување и убавина не си ја скратувајте.
View this post on Instagram
*дел од информациите се користени од galicica.org.mk
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram