Доколку ова лето се одлучите да заминете за Црна Гора, направете простор и време во вашиот дневен план за посета на еден од најубавите барови во земјата.
Во мај годинава, црногорското крајбрежје стана дом на едно од највозбудливите и најдолго очекуваните новитети од светот на гастрономијата и забавата, Buddha-Bar Beach Porto Montenegro, кое донесе нова димензија на летната забава, како за жителите на Порто Монтенегро, така и за сите посетители.
Новоотворениот Buddha Bar Beach се наоѓа на реномираната спектакуларна локација на бесконечениот базен PMYC, добро познат за гостите на овој меѓународен комплекс по своите 64 метри квадратни, над кои се издига триметарската скулптура наречена „8 можности" од признатиот каталонски уметник Хаиме Пленсе, како и неодоливиот поглед кон прекрасниот Которски залив.
Заснована на концептот на баровите на Гоа и Ибица, со својот модерен дизајн и природни елементи инкорпорирани во уникатниот амбиент, Buddha Bar Beach претставува одлично место за сите кои се во потрага по одмор и релаксација, но исто така и забава со музика во живо и ди-џеј сетови до раните утрински часови.
Покрај импресивниот базен, гостите на Buddha Bar Beach можат да уживаат и во висококвалитетните кулинарски опции на ресторанот веднаш до базенот. Менито на ресторанот ги обединува најдобрите локални состојки со азиски допир и ужива во изобилството на свежа риба и морски плодови во комбинација со егзотични и ориентални вкусови од далечните места. Во барот пак ќе ги вкусите најкреативните и освежителни коктели во регионот.
Доколку се одлучите да го посетите Buddha Bar Beach, добро е да знаете дека лежалките покрај базенот се достапни преку целиот ден. Ресторанот е отворен секој ден од 12:00 до 23:00 часот, а заинтересираните гости можат да го резервираат своето место.