Кога вкусната храна и високата мода ќе го најдат заедничкиот јазик, тој најчесто се преведува во луксузни ресторани каде гурманите и фашонистите ја имаат привилегијата да уживаат во најдоброто од двата света.
И претходно сме пишувале на оваа тема, ставајќи фокус на гламурозните ресторани и кафулиња кои го носат логото на некои од онајлуксузни модни куќи во светот.
Овојпат вниманието го насочуваме кон Гучи и неговата Остерија, која брендот ја отвори пред две години во Беверли Хилс. Сместена на покривот на продавницата Гучи на Rodeo Drive, Osteria е инспирирана од фирентинскиот стил.
View this post on Instagram
Gucci Osteria е заедничко име за луксузните ресторани на готвачот Масимо Ботура лоцирани во различни градови, приспособени на различни потреби, но споделуваат иста кулинарска филозофија - храната е инспирирана од годишните времиња, а менито е комбинација од основни јадења со потпис на Гучи Остерија.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Но, покрај тоа што ќе ве воодушеви со своите креативни имиња и палета н а вкусови, амбиентот збогатен со препознатливите дезени на Gucci Décor и антички огледала ќе ве остави без здив. Ѕидовите се покриени со уникатни тапети, дополнувајќи ја беспрекорната италијанска релаксирана атмосфера додека го јадете вашиот оброк на раскошна маса во удобноста на плетеното столче.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram