На југозападниот дел на грчкиот остров Крит, се наоѓа едно мало, живописно село наречено Лутрo.
Природата умешно го сокрила рибарско местенце, во кое што нема улици и за да одите од едниот до другиот крај треба да пропешачите само 400 метри.
Импресивни карпи коишто ги чуваат белите куќи, бистро тиркизно море, низ коe што мирно пловат рибарски бротчиња.
Тука ќе го добите мирот што сте го посакувале, далеку од преполните плажи.
Автомобили нема, улици нема, само патеки по коишто може да се движите до некоја од таверните за да пробате некое од традиционалните јадења.
Доколку доаѓате по копнен пат треба да пешачите три киломтри, па не препорачуваме куфери во рацете.
Посетителите најчесто пристигнуваат со брод, попатно восхитувајќи се на сета дива убавина.
Името на селото доаѓа од бањите коишто биле пронајдени тука, a во Лутрo нема сигурно да најдете луксузни хотели, бич барови, базени...
Тука ќе се наспиете, ќе одморите, ќе пливате... едноставно ќе се претопите во природата.
Фото: Pinterest