Минијатурни градини сместени во филџан за чај – да возможно е и магични се!

22 април 2020

Сонувате за своја градина, а дома немате физички услови и доволно простор? Тоа не е причина да се откажете од сонот, напротив... Замислете си ја совршената слика на вашиот зелен рај и сместете го во минијатурна димензија. Во тоа ќе ви помогне идејата на Мухаимина Фаиз или The Craftaholic Witch која создава минијатурни градини сместени во филџан за чај!

Својата пасија кон градинарството таа ја усовршила до толку што секогаш барала нови, експериментални методи и начини на одгледување и декорирање на растенијата.

Па веќе за неа досадните, обични саксии, ги заменила со филџани за чај и својата градина ја прилагодил на димензиите на садот.

Така настанала минијатурната верзија на градините, кои имаат толку различни, волшебни изданија, што ќе ви ја предизвикаат имагинацијата и желбата и вие да ги испробате своите градинарски способности.

За ваква верзија, идеални растенија се сукулентите и кактусите, поради нивната флексибилна природа за декорирање дури и во вакви, минијатурни димензии.

Интересна идеја, ќе се согласите?

Фото: Bored Panda

 

Објавено:
22 април 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.559 пати