„Мода од иднината“ е темата на седмиот „Trash Fashion“

27 февруари 2018

По седми пат оваа година „Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО” организира Trash Fashion Macedonia 2018, натпревар на креации изработени со реупотреба на материјали.

Целта на Trash Fashion Macеdоnia 2018 е да ги поттикне и анимира средношколците да ја развијат свеста за заштита на животната средина, собирајќи го отпадот околу нив и да креираат оригинални модели преку реупотреба на отпадот. Оваа година училиштата ќе се натпреваруваат на тема „Мода од иднината".

од последното издание на Trash Fashion

Trash Fashion Macedonia е единствен настан од ваков вид во Македонија, за кој се заинтересираа и објавија повеќе светски медиуми и портали како: Guardian, World Fashion и Gironalettisimo.

Trash Fashion Macedonia ќе се одржи на 5 јуни 2018 по повод Светскиот ден на животната средина и се најавува како уште едно големо визуелно доживување за сите кои ќе присуствуваат.

од последното издание на Trash Fashion

За потсетување Trash Fashion Macedonia 2018 е наменет за сите средни училишта и е дел од програмата „Интеграцијана еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ која ја имплементира ОХO во соработка со Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Ова воедно е и покана до средните училишта да учествуваат во натпреварот, а дополнителни  информации за иницијативата и за тоа како да се регистрираат училиштата може да најдете на веб страницата www.nrp.org.mk

од последното издание на Trash Fashion

 

Објавено:
27 февруари 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
223 пати