Вера Мештеровиќ во ЕЛЕНА ЛУКА ѕвезда на Виенскиот бал во Скопје

14 мај 2022

Моден блесок на Вера Мештеровиќ во фантастична тоалета, дизајн на ЕЛЕНА ЛУКА, на Виенскиот бал што вечерва во Скопје со одржа по 21-ви пат.

По пауза од две години, Скопје вечерва повторно танцуваше во ритамот на Виенскиот валцер и на звуците на најубавите класици во изведба на оркестарот „Јохан Штраус" под диригенство на Бисера Чадловска, а Вера Мештеровиќ и годинава беше домаќин и водител на настанот.

И со својата улога и со внимателно осмислениот и до детаљ стилизиран изглед, Вера беше ѕвездата во модниот фокус оваа вечер.

ЕЛЕНА ЛУКА направила ремек дело кое преку една современа естетика го интерпретира духот на Виенскиот бал и австриската култура, со целата нивна екстравагантност.

Она што му дава посебна димензија на овој настан е токму модниот сегмент. Задолжителниот дрес-код кој подразбира макси тоалети за дамите и смокинг или темен костум за господата, се посебен предизвик за гостите да посветат особено внимание на изборот на соодветен стајлинг.

А ЕЛЕНА ЛУКА како автентичен моден одговор на пропишаниот дрес-код, специјално за оваа прилика креираше луксузна тоалета во која Вера се издвојуваше, а мора да признаеме, и восхитуваше. Светски и вонсериски.

„Конечно после две години пауза имаме едно убаво културно случување со традиција која на различни нивоа ни ја пренесува австриската култура во нашата метропола. За мене секако е чест што водечката креација на Виенскиот бал, што ја носи Вера Мештеровиќ, е со потписот на ЕЛЕНА ЛУКА. Ваквите отмени случувања кај нас се навистина ретки, па ова е една убава можност и предизвик да се изведе еден впечатлив екстравагантен изглед во рамките на пропишаниот дрес-код. Периодов интензивно работевме на дефинирањето на автентичниот изглед, инспириран од авангардната виенска култура, а интерпретиран во една модерна, луксузна и исклучително впечатлива тоалета. Финалната реализација имате можност да ја видите на токму вечерва, на Виенскиот бал", изјави г-ѓа Елена Пандева, сопственик и генерален менаџер на ЕЛЕНА ЛУКА.

Г-ѓа Елена Пандева, сопственик и генерален менаџер на ЕЛЕНА ЛУКА

Дополнително впечатлива тоалетата ја прави нагласената S силуета. Изработена е од прекрасна тантела со крупен флорален дезен, збогатена со дискретно светкави извезени моменти.Преклопот на здолништето овозможува еден модерен пристап при движењето, суптилно истакнувајќи ја убавината на женските нозе. Целата креација дополнително е орнаментирана и декорирана со пердуви од типот на Марабу, комплетно отсликувајќи ја атмосферата на Виенскиот бал.

Умешност, уметност и уникатност пресликани во една тоалета, водечката на годинешното издание на Виенски бал во која Вера потсетуваше на вистинска принцеза.

Ја прашавме Вера за долгогодишната соработка и пријателство со г-ѓа Елена Пандева и со брендот ЕЛЕНА ЛУКА и што ја одржува успешната конзистентност низ годините:

„Взаемната љубов, почитување и соработка кои ги имаме со г-ѓа Елена Пандева, придонесуваат за долгогодишна успешна комуникација со ЕЛЕНА ЛУКА. Така и годинава токму овој наш етаблиран бренд комплетно ме стилизира за Виенскиот бал во Скопје. ЕЛЕНА ЛУКА секогаш излегува во пресрет да изгледам гламурозно и соодветно на нивото на настанот. А Елена не само што е успешна жена менаџер, тука таа пред сѐ е прекрасен човек и пријателка и токму на тоа се должи успешниот континуитет во нашата соработка".

Традиционално и оваа година Виенскиот бал е во организација на Здружението за културна соработка Јохан Штраус, со поддршка на покровителство на амбасадата на Република Австрија.

Скопје, веќе две децениии, е дел од мапата на светски метрополи кои ја негуваат оваа вековна австриска традиција.

Објавено:
14 мај 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
7.691 пати