Мексико секогаш го наоѓа своето место на списоците со земји кои мора да се посетат, особено кај луѓе кои се во потрага по далечна и егзотична дестинација. Но, покрај главниот град и останатите популарни локации кои сè почесто се преплавени со туристички групи, постојат и дестинации кои имаат потенцијал да ги освојат вашите срца со својата уникатна убавина и невообичаена природа.
View this post on Instagram
Таков пример несомнено ќе најдете и во Лас Грутас Толантонго, кој се наоѓа на три часа возење од Мексико Сити. Самото име значи „пештера", што веднаш наговестува дека ќе видите фасцинантни пештери. Но, покрај нив, она што можеби уште повеќе ќе го одземе вашиот здив се природните базени исполнети со топла минерална вода загреана од вулканот, изворите на топла вода, гејзерите и бањата, а главната атракција се секако двете пештери на затворениот крај на кањонот, од кои тече вулкански загреаната река Толантонго.
View this post on Instagram
Иако изгледаат како додаток на некој луксузен хотел со пет ѕвезди, сепак станува збор за природна сензација вградена во карпите на планината Хидалго. Но, туристите кои доаѓаат да се капат во овие базени, дополнително можат да уживаат и во бројни други активности како кампување, искачување по висечки мост, посета на водопади, пливање во термална река, разгледување на околната природа на нога, но и од високо, преку зип-лајн.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
За посета на оваа дестинација, покрај костимите за капење, соодветните обувки, удобната облека за дневните активности и топлата облека за свежите ноќи, како и опремата за карпестите предели, потребно е да го понесете со вас целиот ентузијазам и авантуристички дух кои несомнено ќе го збогатат ова незаборавно егзотично патување.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram