Најдобрите плажи во Европа за 2024 година

5 јули 2024

Во тек е сезоната на летни одмори и одлично време да ги видиме најубавите плажи во Европа за оваа година.

Овие прекрасни чуда на природата секогаш измамуваат воздишки.

Многумина тука го пронаоѓаат потребниот мир, се релаксираат, уживаат под сонцето и со сите сетила ја впиваат магијата на бистрите води и чистиот морски воздух.

Некои се сместени во недопрен, див предел, други пак се наоѓаат на бреговите на светските метрополи.

Плажите се одлични за забава, за фамилијарно дружење, но и за бегање од реалноста и секојдневните обврски.

Годинава за да се изберат најдобрите 10 гласаа вкупно 103.224 светски патници, од 116 различни земји во светот.

Листата која ја објави European Best Destinations (EBD) ја предводи плажата Гајн Туфие во Малта и изгледа вака.

Гајн Туфие, Малта

Монте Клериго, Португалија

Плажата Олудениз, Турција

Љубовниот канал, Крф, Грција

 Порто Тимони, Крф, Грција

Лас Терезитас, Канарски острови, Шпанија

Плажата Одесејши, Португалија

Плажата Сент Пол, Родос, Грција

Ас Катедраис, Галиција, Шпанија

Плажата Калпе, Шпанија

Фото: Pinterest

Објавено:
5 јули 2024
Категорија: 
Култура