Уште еден легендарен дизајнер ќе добие свој филмски запис. Овој пат станува збор за Кристобал Баленсијага чијшто живот ќе биде прикажан во истоимената серија која ќе стартува во јануари следната година.
Серијата е во продукција на Disney и ќе биде прикажана на нивниот канал.
Првиот трејлер е веќе објавен, а во него се наѕира дел од содржината.
Ќе биде ставен акцент на почетокот на неговата карира, односно настаните од 1937, па наваму, кога од родната Шпанија пристигнува во Париз.
Јазикот на којшто актерите ќе зборуваат е шпански, што наиде на прилично позитивна критика.
Баленсијага ќе го портретира актерот Алберто Сан Хуан, кој двапати освоил Гоја награда што важи за најпрестижна во филмската индустрија во Шпанија.
Во серијата ќе бидат соодветно прикажани и Коко Шанел, Живанши како и Кристијан Диор.
Очекувањата се големи со оглед на тоа што ќе биде опфатен еден важен период од модата во минатиот век.
Погледнете го трејлерот во продолжение.