Веројатно не постои човек на светот што не ги обожува колекциите за домот на популарниот high street бренд H&M, а во последната знаеме дека ќе се вљубите на прв поглед.
Инспирирана од хотелите, новата колекција на брендот е олицетворение на боите на есента и сè она што е поврзано со неа, а како и секогаш, во истата тие вметнаа неверојатни парчиња.
Малите детали секогаш се добредојдени за нов изглед на домот, без реновирање и преземање некои големи чекори, особено ако немате време за тоа.
Овојпат, брендот прикажува совршени парчиња со кои ќе можете да ја преуредите вашата спална соба и бањата, а сето тоа налик деталите во луксузните хотели.
Како и секогаш, чистите и едноставни линии се нешто што ја отсликува целата нивна колекција, а класичниот дизајн секако нешто што ќе им се допадне на сите.
Сите парчиња се елегантни и софистицирани, претежно во потемни бои, па доколку барате некој нов детаљ за вашиот дом, можете да се инспирирате од фотографиите.
Инфо и фото: Fashion.hr