Нова визија од Adobe која ќе израдува многу креативци
•
8 октомври 2014
Американската компјутерско- софтверска компанија „Adobe Systems“ ја претстави својата визија за нова апликација за манипулација на фотографии и видео записи, а истата „овозможува“ толку многу нови алатки што дефинитивно ќе ја олеснат работата и ќе ги прошират погледите на многу креативци. Но, засега ова е само првичната замисла на софтверските инженери, кои за планираната соработка со Microsoft ветуваат многу. Програмата треба да функционира и се заснова на алатките од Фотошоп, Илустратор и Премиер. Веруваме дека веќе со нетрпение го очекувате овој феномен на технологијата. Погледнете!