Неодамна објавениот трејлер за најновото филмско остварување на сценаристот и режисерот Демиен Шазел, „Babylon", ветува вистински аудиовизуелен спектакл и фантастична актерска екипа.
Режисерот кој стои зад феноменалните „La La Land" и „Rhythm of Madness", овојпат на големите платна ќе претстави историска драма чие дејствие е сместено во златните 1920-ти години во Лос Анџелес - периодот кога филмската индустрија преминувала од немата ера кон ерата на снимениот звук.
Филмот, каде две од најзначајните улоги ѝм припаднаа на фантастичните Марго Роби и Бред Пит раскажува приказна за преголема амбиција и застрашувачки вишок од материјално богатство, следејќи го подемот и падот на повеќе ликови за време на ерата на незауздана декаденција и изопаченост во раниот Холивуд.
Марго Роби ќе ја оживее актерка Нели Ларој чија кариера во тој период сè уште беше во подем, додека пак Брада Пит, ќе го толкува Џек Конрад, актер во залезот на својата кариера - лик базиран на актерите Џон Гилберт, Кларк Гејбл и Даглас Фербенкс, гиганти на филмската индустрија од првата половина на 20 век.
Но, иако Маргот и Бред се големи актерски имиња, главната улога всушност му беше доверена на мексиканскиот актер Диего Калви, што може да значи голема пресвртница во кариерата за релативно непознатиот актер.
Покрај овие имиња, во филмот ќе се појават и Тоби Мегваер и Оливија Вајлд, чиј режисерски потфат „Don't worry darling" предизвика голем број контроверзи на овогодинешниот филмски фестивал во Венеција.
Детали за светската премиера сè уште не се познати, но се очекува „Babylon" да се појави во кината кон почетокот на 2023 година. Во меѓувреме погледнете го фантастичниот трејлер за филмот.