•
18 декември 2021
Лондонскиот lounge-bar „Connaught Bar" ја освои годинешната титула за најдобар бар на светот што веќе 13 години по ред ја доделува здружението „50 најдобри барови на светот".
Ова е втор пат како ова луксузно место ја добива наградата за која одлучуваат 600 стручни лица од индустријата.
Уреден во стилот на 20-те години, овој шик бар е сместен во гламурозниот „Connaught" хотел со 5 ѕвезди.
Како што велат од здружението што ги доделува овие престижни награди, она што го прави посебен овој бар, е неговото уникатно мартини подготвено со посебна метода, со оригинален џин.
Второто место на оваа листа, годинава му припадна на њујоршкиот бар
„Dante", додека третото место му беше доделено на атинскиот бар „The Clumsies bar".