Иако за прв пат имавме чест да ги видиме пред многу години, овие фустани и денеска се култни модели чија вредност се проценува на неколку милиони долари.
Покрај талентираните режисери и актери, некои од најголемите филмови низ историјата ќе останат запаметени и по фантастичните костими кои покренаа нови правци во модата, па дури и денеска се едни од омилените.
Во ерата на стариот Холивуд луксузот и гламурот биле нешто задолжително, па и во бројните популарни филмски остварувања имавме можност да видиме фасцинантни креации на кои се работело месеци наназад.
Во продолжение, дознајте кои се најскапите седум фустани кои ги носеле популарни актерки во уште попопуларни филмови.
1.The Seven Year Itch
Ако се вратиме наназад ќе се сетиме дека 2011 – тата година ја одбележаа бројни аукции, а меѓу нив се најде и онаа кога беше продаден познатиот бел фустан на Мерлин Монро од филмот The Seven Year Itch за цели 4, 6 милиони долари.
2. My Fair Lady
Уште еден прекрасен фустан беше ставен на аукција во 2011 година, а станува збор за најпознатиот што го носеше Одри Хепберн во филмот My Fair Lady. Истиот беше продаден за неверојатни 3, 7 милиони долари.
3. The Sound of Music
Џули Ендрус во познатиот американски мјузикл The Sound of Music носеше фустан кој баш и не може да се опише како луксузен. Сепак, во 2013 – тата истиот беше продаден за 1,56 милиони долари.
4. Gentlemen Prefer Blondes
Иако на почетокот секси црвениот фустан на Мерилин Монро не достигна некоја голема цена на аукциите ширум светот, сепак на крајот истиот беше продаден за 1, 2 милиони долари.
5. Breakfast at Tiffany’s
Нема човек на планетава кој не го знае малиот црн фустан што Одри Хепберн го носеше во култниот „Breakfast at Tiffany's“. Познатата Живанши креација беше продадена во 2006 – та година за 900.000 долари, а парите од продажбата на истиот беа донирани за загрозени од поплави.
6. The Wizard of Oz
Симпатичната сино – бела креација која ја носеше Џуди Гарланд во филмот The Wizard of Oz, беше ставена на аукција во 2012 година, а нејзината цена достигна 480.000 долари.
7.Titanic
Елегантниот фустан што Кејт Винслет го носеше во култниот Титаник беше продадена за нескромни 330.000 долари.