Овие куќи на плажа се мини-рај спремен за изнајмување

11 јули 2022

Веќе сме длабоко навлезени во летото и пеколните денови не тераат да сонуваме за песочни плажи, морски длабочини и високи бранови, овошни купиви и освежителни коктели под врелото летно сонце.

Доколку имате план ова лето да го поминете во Европа, а допрва ве чека резервација на сместување, тука сме да ве одвратиме од идејата за хотели. Зошто би се врзале за една соба кога можете да го поминете летото во куќа на плажа со директен поглед кон морското синило и да уживате во сета комоција и приватност која ја нуди?

Ова се нашите три предлози за куќи на плажи кои се веќе спремни за изнајмување ова лето, а ваше е да ги спакувате вашите костими за капење и авантуристичкиот дух и да заминете на незаборавно патување.

Blue Cabana
Коста да Капарика, Португалија

Сместена во непосредна близина на водата, со неодолива и широка отворена тераса, бела ограда, бело-сина фасада и шармантни детали во боите на виножитото кои го красат ентериерот, оваа куќа претставува вистински летен сон. Вистинска привилегија е да се летува во ова куќарка, земајќи предвид дека е една од неколкуте стари рибарски куќи на Коста да Капарика, која се наоѓа на помалку од половина час од Лисабон.

Фото: Airbnb

Фото: Airbnb

Фото: Airbnb

Фото: Airbnb

Фото: Airbnb

Фото: Airbnb

 

Buqez
Пакоштане, Хрватска

Шармантната кабина Букез е сместена на приватна плажа покрај јадранскиот брег. Покрај едноставниот и минималистички дизајн на оваа куќа, Букез ќе го освои вашето срце и со фактот што е еко одморалиште изработено од природни материјали лоциран во Националниот парк Корнати. Дизајнот на оваа куќа совршено се слева со природната околина, а секоја од собите има нуди прекрасен поглед кон водата, што гарантира незаборавни летни утра.

Фото: Airbnb

Фото: Airbnb

Фото: Airbnb

Фото: Airbnb

Фото: Airbnb

 

San Vincente de la Barquera
Кантабрија, Шпанија

За ова парче рај ќе треба да отидете во Шпанија. Куќата е сместена во срцето на националниот парк Оџамбре, на карпа со поглед на плажата Гера. Со својот едноставен и удобен дизајн, Сан Висенте де ла Баркера претставуа шармантно и безмалку совршено приморско катче опколено со зелен тревник кој води до плажата, каде можете да избегате од секојдневните проблеми и да се препуштите на морските бранови и летниот ноќен ветар.

Фото: Airbnb

Фото: Airbnb

Фото: Airbnb

Фото: Airbnb

Фото: Airbnb

Фото: Airbnb

 

Објавено:
11 јули 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
802 пати