Пет најдобри растенија за подарок

28 јуни 2022

Уште во екот на пандемјата кога светот беше принуден да биде затворен во четири ѕида, потребата да се биде повторно во допир со природата беше почетокот на раѓањето на „зелената манија". Голем дел од нас сакаа да научат како да изградат сопствена „домашна џунгла", а туторијалите за тоа како да се биде добар „родител на растенијата" беа едни од најгледаните видеа во последниве неколку години.

Подарувањето на саксиски растенија стана една од најпрактикуваните нешта, но секој кој се обидел да купи растение за подарок е свесен за предизвиците кои доаѓаат со изборот. Не секое растение е соодветно за секого или пак за секакви услови. Потребно е подлабоко познавање пред да се одлучите што да земете некому. Па затоа, во прилог ги претставуваме петте најдобри избори на растенија за подарок.

 

Замија (Зи-зи растение)

Едно од најдостапните и најбараните саксиски растенија кај нас е несомнено Замијата. Особено е привлечна поради брзиот раст и лесното одржување, што ја прави идеална за почетници, но и вистински ппзнавачи, како и луѓе кои имаат динамичен живот и не можат да посветат многу време. Дизајнерите на ентериер ја обожаваат Замијата поради атрактивниот изглед и нејзините темни и сјајни зелени листови. 


Монстера

Не постои човек на кој нема да му се допадне Монстерата и нејзиниот моќен изглед. Ова растение не бара многу за одржување и визуелно се вклопува во секој простор, што ја прави особено популарна и атрактивна. Поради големите перфорирани лисја, ова тропско растение ќе го претвори вашиот дом во вистинска мала џунгла.


Сансеверија (Свекрвин јазик)

На убавите месести листови на Сансеверијата не им треба многу вода и светлина, па доволно е растението да се полева само еднаш месечно. Позната е по своите прочистувачки и апсорбирачки својства што ја прави идеално растение за живеење во градот. Листовите на Сансеверијата се прошарани со посветли зелени нијанси чиј интензитет зависи од количината на светлина што доаѓа до растението. Постојат неколку видови сансеверија, помали кои растат во ширина и примероци кои можат да пораснат до големина на вистинско помало дрво.


Воздушни растенија

Воздушните претставуваат совршена и необична декорација на секој ентериер, па затоа се и особено привлечни Иако не се паразити, во природата ги среќаваме како растат на други растенија. Овие повеќегодишни растенија не живеат на почвата, а на тој начин се заштитуваат од тревопасни животни и други опасности. Оттука и нивнит назив „воздушни растенија", бидејќи изгледаат како да живеат од воздух.


Фикус

Фикусот (Ficus lyrata или Fiddle Leaf Смоква) е едно од најпопуларните домашни растенија. Големите и величествени листови на Фикусот имаат моќ да го привлечат целото внимание во просторот, а кај нас во градинарските центри можете да ги најдете во импресивни димензии.

Објавено:
28 јуни 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.811 пати