Почина најдобриот баритон на светот

22 ноември 2017

Дмитри Хворостовски е роден во Сибир пред 55 години и интернационален успех постигна кога во далечната 1989 година ја освои престижната награда во Кардиф и со тоа го освои светот.

Денес е тажен ден, после двегодишна битка со ракот почина во Лондон. Неговите настапи се секаде проследени со огормен успех, велат ги одиграл сите возможни улоги кои можеле да се отпеат во кариерата на еден баритон. Неговиот вокал беше полн, богат со експресија, пееше со леснотија.

Тоа е и најтешко нели? Навидум со леснотија да играте на сцена, да пеете... Остана забележан по улогите во оперите на Верди, Евгениј Онегин на Чајковски, оној антихерој кој беше негов заштитен симбол.

Во 2013-та година ќе гостува на Охридско лето, за што ќе изјави:

-Македонската публика е многу топла и пријателска. Бев многу среќен што пеев на оваа сцена, возбуден од целата убавина што ме опкружува. 


Неговите блиски соработници велат дека бил скромен и едноставен.
Последен настап му беше во мај оваа година кога никој не очекуваше дека ќе се појави на 50 годишнината на Линколн центарот на „Мет гала“ вечерта.

„Ретко талентирана зверка“ - ќе напише Тим Ешли за Гардијан во 2006-та година.

Му беше дијагностициран тумор на мозокот во јуни 2015, а 2016 година се повлече од сите настапи.

Живееше во Лондон со неговата сопруга и двете деца .

Фотографии: nytimes, guardian, google 

Објавено:
22 ноември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
777 пати
Извор: 
the guardian