Погледнете го новиот „Титаник“

17 мај 2016

Нов „Титаник“ можеби и не е најсоодветниот назив за новиот најголем брод во светот, бидејќи дури и неговиот претходник изгледа минорно во споредба со него.

„Harmony of the Seas“ е името на брод за крстарење, вреден 800 милиони фунти (односно 1.158.800 000 долари) со капацитет од 6.780 патници.

Пробните тури започнаа во неделата, а ќе траат четири дена. Своето пробно крстарење го започна од Франција, по што се упати кон Британија, поточно Саутамтон. Потоа се оди кон Ротердам, а во текот на месецот крстарењето ќе се одвива и во Барселона (што ќе биде редовна дестинација во летниот период) а потоа ќе се упати на западен Медитеран, за да продолжи на Флорида и Карибите (во текот на зимата).

Овој брод во сопственост на Royal Caribbean International, се простира на 18 ката и е со должина од 362 метри, широчина 65.6 метри и вкупна тежина од 227 000 тони.

Има вкупно 2.747 соби и екипаж од 2.100 луѓе од вкупно 77 земји. Бродот располага со 23 базени во разни облици, 52 дрвја, роботи, казино, ѕидови за планинарење, сурферски симулации....  Исто така има и кино, театар, аква театар... Љубителите на добрата храна ќе уживаат во 20 такви места, од кои 16 се ресторани. И Џејми Оливер има свој ресторан на бродот, каде на првото официјално крстарење лично тој ќе им готви на гостите.

„Harmony of the Seas“ е малку поголем и од „Allure of the Seas“ и „Oasis of the Sea“, двата сестрински брода на „Royal Caribbean International“, компанија ги поседува шесте најголеми бродови за крстарење во светот.

Гигантскиот брод бил порачан во декември 2012 година, и за негова комплетна изработка биле потребни 32 месеци.  Првото официјално крстарење е закажано на 22-ри мај.

Цените на собите се движат од 900 фунти по човек за еднонеделно крстарење, па сè до 2.760 фунти за луксузни соби (поточно станови), каде се вклучени и кревети за семејства со деца и балкон. Тие што немаат прозорци или балкони , имаат „витурелни балкони“, со што во живо го следат она што се случува надвор во моментот, овозможено преку тв стрим.

Неверојатно и предизвикувачки за сите што сакаат патувања и авантура.

„Хармони" во бројки


Сопственик: Royal Caribbean International во Мајами
Порачан: декември 2012 година
Изработувач: STX France, Saint-Nazaire
Време на изработка: 32 месеца
Вредност: 800 милиони фунти
Катови: 18 (16 за гости)
Тонажа: 227.000 тони
Должина: 362 метри
Широчина: 65.6
Брзина на крстарењето: 25mph
Вкупен капацитет: 6.780 патици
Екипаж: 2.100, претставници на 77 националности
Соби: 2.747
Ресторани: 16 (+4 дополнителни места за оброк)
Базени: 23, за кои се користат околу 2131884 литри вода (вклучувајќи и други атракции на вода)
Парк со 10.587 растенија, 48 винови лози и 52 дрвја

11.252 уметнички дела има низ бродот

Повеќе за тоа како изгледа новото бродско „чудовиште“ можете да видите и во видеата во продолжение:

 

Објавено:
17 мај 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.192 пати
Извор: 
DailyMail