Поинакви тетоважи што го освоија светот

28 октомври 2014

Дури и ако припаѓате во онаа група луѓе што не се големи овожаватели на тетоважите, овој тату артист од Сеул дефинитивно ќе ве освои со неговата деликатност.

Неговите фантастични мини- тату дела со неверојатна брзина го освоија Интернетот, а веруваме дека ниту вие нема да останете рамнодушни.

Тој е еден сосема поинаков уметник кој на неодолив начин се бори за тоа да им стави крај на сите оние комплицирани и неверојатно видливи тетоважи што многумина обожуваат да ги ставаат на себе.

Она по што тој е препознатлив,  се тенките линии со кои ги обликува тетоважите, пастелните бои кои  ги користи и геометриските мотиви како негов основен темел при отпочнувањето на секоја тетоважа.

Нежните цртежи на мачиња, оригамите, мини срцињата и различните видови на дијаманти, се само дел од неговата специјалност по која девојките полудеа за да ги имаат на себе.

Иако со ваквиот вид на тетоважи, повеќе од сигурно е дека женската клиентела во неговото студио е побројна, но сепак, многумина посочуваат дека можеби тој е предвесникот на новиот тату тренд на сцената.

Доколку ви требаше малку поттик за да ја ставите вашата следна тетоважа, можеби овој фантастичен уметник од Сеул ќе ви помогне во тоа!

Објавено:
28 октомври 2014
Категорија: 
Култура