Институтот Конфуциј при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, годинава, по осми пат го организираше Националниот (квалификациски) натпревар за Меѓународниот натпревар по кинески јазик "Кинески мост".
Миа Фиатал, ученичка во Интернационалното училиште Нова, го освои првото место во категоријата основно образование каде учествуваа вкупно 40 деца.
Токму ваква убава информација ни е потребна да слушнеме во едно време невреме, кога за жал сè почесто читаме за лоши примери.
Миа од секогаш сакала да се запише на некои од најпрестижните универзитети во светот, каде што е навистина тешко да се влезе. Таа уште како мала имала можност да зборува повеќе јазици, лесно и било да ги научи со оглед на тоа што нејзиното семејство честопати патувало во различни земји.
Миа е родена во Дубаи, а има живеено во Франција, Унгарија и во Македонија. Поразговаравме со неа за нејзините желби и планови, а верувам дека и вие ќе го споделите нашето мислење дека Миа е вистинско дете за пример.
Миа, од каде е љубовта токму за кинескиот јазик?
Отсекогаш ми било желба да студирам на најдобрите факултети во светот како Оксфорд, Кембриџ, Харвард итн. Знаејќи дека и многу други луѓе го посакуваат истото јасно ми беше дека ќе треба некако да се издвојам од другите, за да имам поголеми шанси да обезбедам пласман.
Затоа се одлучив дополнително за јазиците коишто веќе ги зборувам (англиски, македонски, француски и унгарски) да почнам да го учам и кинескиот јазик, којшто поради својата сложеност не е толку изучуван. Благодарение на мојата посветеност и на посветеноста на мојата учителка г-ца Ирина Андреевска имав можност да напредувам и да го збогатам своето знаење со еден јазик што навистина е многу поразличен од сите останати.
Од која возраст почна да го изучуваш јазикот?
Јас за прват се запознав и почнав да го изучувам кинескиот јазик кога имав осум години. Сега имам 12 години што значи дека го учам повеќе од четири години. Имам часови два пати неделно, коишто ми ги овозможува училиштето "Нова" во соработка со кинескиот институт "Конфучиј" при УКИМ. Навистина сум благодарна за можноста да учам јазик којшто е се повеќе баран и потребен во светот.
Што најмногу те фасцинира од кинеската култура?
Има многу неверојатни работи во кинеската култура, но она што најмногу ме фасцинира е кинеската митологија бидејќи сите приказни се многу поразлични од другите земји и сите легенди се навистина многу интересни. Исто тука би сакала да напоменам дека имам голема збирка на книги со приказни од Кина како и бест-селерите на авторката Sue Lynn Tan, инспирирани од легендата за Чанге, кинеската божица на месечината. И секако би го напоменала и кинескиот хороскоп кој е составен од 12 животни и се менува еднаш годишно. Така оваа година е годината на зајакот и во кинеската култура, зајакот е симбол на долговечност, мир и просперитет.
На натпреварот Кинески мост го освои првото место? Што вклучуваше твојата презентација?
Првото нешто што го направив беше само-презентација каде што зборував за себе, за моето семејство, за моите интереси и хоби, за јазиците што ги зборувам и колку уживам да зборувам кинески. Потоa рецитирав позната песна "Збогување со пријател" од познатиот кинески поет Sòng Yourèn. Како последна задача тррбаше да ги прочитам зададените кинески карактери, да ги преведам и да составам колку е возможно посложена реченица од истите. Благодарејќи на овој дел, каде што навистина требаше да се покаже познавањето на кинескиот јазик и карактери, јас успеав да го освојам првото место на натпреварот.
Кои се идните планови по натпреварот?
Планирам да учествувам на натпреварот во Пекинг во Кина, да дадам сè од себе и да бидам среќна без разлика каков пласман ќе освојам. Се надевам да имам можност да посетам делови од Пекинг како Забранетиот Град и Палатата на Императорот за кои имам читано во книги. Би сакала да ја почуствувам културата и дел од животот во еден толку голем и далечен град. И се разбира да се дружам со другите учесници од различни земји и да научам нешто повеќе.
Каде се гледа Миа понатаму? Дали токму Кина е местото каде се гледаш во иднина?
Би сакала да одам да ја посетам Кина, можеби да учам во летно училиште во Пекинг или Шангај за да го збогатам своето знаење. Во подалечната иднина би сакал да се запишам на еден од престижните факултети од Ivy-лигата и да имам можност да учам од најдобрите. Исто така би сакала да станам успешна авторка и да напишам многу интересни книги, "