Празничниот декор во Загреб е секогаш магична глетка

6 декември 2023

Кога станува збор за празнична магија Загреб се наоѓа на врвот во Европа.

Базарот што со години го организира главниот град на Хрватска три години по ред беше прогласуван за најдобар на континентот.

Загреб посебно внимание посветува на декорот на улицте, плоштадите, кафулињата, рестораните и токму поради тоа е една од омилените туристички атракции за време на празниците.

Базарот којшто таму го нарекуваат „Advent u Zagrebu" нуди забава за сите возрасти, од културни манифестации, изложби па се до концерти и кулинарски специјалитети.

Годинава оваа празнична магија ќе трае од втори декември до седми јануари, па доколку можете топло ви препорачуваме да бидете дел од атмосферата..

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Croatia2go (croatia2go)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Zagreb Facts (zagrebfacts)

Објавено:
6 декември 2023
Категорија: 
Култура