Добра вест за љубителите на романтични комедии. После „Измамнички“, Џенифер Лопез се враќа на големото платно со филмот „Омажи се за мене“.
Како пренесуваат странските медиуми, премиерата е закажана за 14. февруари.
Покрај неа во главната улога е и Овен Вилсон.
Џеј Ло во филмот е музичка ѕвезда која непосредно пред венчавката ќе дознае дека момчето ја изневерува. Неверното момче ќе го толкува Малума, на радост на младата женска публика.
Медиумите веќе пишуваа и објавуваа фотографии во врска со филмот, а од оние што најмногу привлекоа внимание се фотографиите каде Џенифер Лопез носи луксузна венчаница со потпис на Зухаир Мурад.
Повредена и измамена, таа ќе одлучи да се омажи за „првиот што ќе налета“, а тоа ќе биде Чарли Гилберт (Овен Вилсон), професор по математика.
Импулсивната одлука ќе доведе до сериозна емотивна врска, со подеми и падови. Некои овој филм го нарекуваат „постмодерна верзија на „Нотинг Хил““.
Филмот е во режија на Кет Коиро, а Лопез се потпишува и како продуцент.
View this post on Instagram
Погледнете уште неколку фотографии од снимањето:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram