Божиќните саеми низ Европа несомнено се вројуваат во најволшебните и највозбудливите настани кои со нетрпение ги очекуваат сите кои го слават овој верски празник, без разлика на возраста.
Божиќната сезона содржи посебна магија која се чувствува насекаде во воздухот уште пред нејзиното официјално започнување. Излозите се полнат со божиќни колекции и производи, понудата на божиќни украси веќе нè подготвува комплетно да му се предадеме на празничниот дух, а ниту прехрамбената индустрија не отстапува од тоа да ја проткае божиќната убавина низ производите, преку вкусови и мириси што потсетуваат на удобни зими.
View this post on Instagram
Па така, божиќните саеми претставуваат совршен спој на сите овие аспекти во кои можат да уживаат локалците, но и туристите од целиот свет, особено местата каде што не се организираат саеми од овој тип, кои се во потрага по нешто ново и возбудливо секој Божиќ.
Доколку планирате божиќно патување, сигурно би ве интересирало да знаете кој европски град го нуди најдоброто од најдоброто. Па, иако изборот е тежок, сепак статусот за Најдобар божиќен саем во Европа за 2022 година и официјално ѝ припадна на прекрасната Будимпешта, и тоа втора годиина по ред.
View this post on Instagram
Главниот град на Унгарија е прогласен и како еден од најубавите на континентот и во светот. Таа е омилена туристичка дестинација во текот на целата година, а привлекува посетители од целиот свет со своите културно-историски знаменитости, примамливата гастрономска понуда и голем број одлични барови и хотели.
Во зима, Будимпешта е исклучително посакувана дестинација благодарение на популарниот божиќен пазар и празничните атракции. Божиќниот саем на Будимпешта , секоја година привлекува стотици илјади посетители, а оваа година се чини дека ќе биде уште поспецијален.
View this post on Instagram
Во согласност со божиќните обичаи, секоја адвентска недела ќе се пали нова свеќа на големиот адвентски венец. Слоганот на овогодинешното доаѓање е „Во љубов и безбедност".
Церемонијата на палење на светилките низ градот ќе биде придружена со различни музички изведби, а на пазарот повеќе од 100 занаетчии и гастрономски мајстори ќе понудат популарна саемска храна, украси и ракотворби, како и бројни подароци.
View this post on Instagram
Како и секоја година, така и оваа, ќе биде организирано светлосно шоу на кое ќе се проектира светлосна проекција врз предната страна на базиликата Св. Стефан. Пред базиликата ќе бидат поставени тезги со вкусни унгарски и меѓународни специјалитети и атракции како детско лизгалиште опкружено со голема елка.
Божиќниот саем официјално започнува на 18 ноември 2022 година и трае до 1 јануари 2023 година.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram