Програмата на „Вкусот на Скопје“ дефинитивно ќе ви го разбуди апетитот!

8 мај 2019

Она што најубаво го опишува месец мај во Скопје се топлите бранови и бескрајните дружби со најблиските во парк. Од оваа година месец мај добива уште една асоцијација: храна, храна и уште храна.

На 18ти и 19ти мај на Школка не очекува првиот фестивал на улична храна “Вкусот на Скопје”. Овој дводневен настан, организиран од страна на Моментум Инк., ќе ги обедини сите гурмани на едно место. Околу 20 локални сендвичари и ресторани ќе ги постават своите штандови со специјалитети за да ни пружат еден поинаков викенд во Градскиот Парк.

Двата дена, програмата започнува од 11.00ч а трае се до вечерните часови. Ќе имаме можност да чуеме корисни информации за храната која секојдневно ја конзумираме; ќе научиме нови совети и трикови за готвење на секојдневни и не-толку-секојдневни солени и благи рецепти; ќе навлеземе во естетиката на храната, а ќе следат и дегустации и бројни изненадувања!

За да ја задоволиме вашата љубопитност, ви откриваме детали за програмскиот дел на настанот: Cooking with Branko ќе не однесе на масовен пикник, па осигурајте се со себе да понесете и по некое ќебенце; Пеце Клечкароски ќе не запознае со магијата на ЛЕСКА (намазот од лешници чија приказна започна неодамна но набрзо прерасна во препознатлив бренд!); Donutbar Skopje ќе не инспирираат и научат како да декорираме крофни…

На ОВОЈ ЛИНК погледнете ја целосната програма на настанот, а не заборавајте да ги заследите официјалните Facebook и  Instagram страници, како и официјалниот настан.

Се гледаме на Школка!

 

Објавено:
8 мај 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
529 пати