Снимањето на филмот за Карл Лагерфелд официјално започна. Екипата која што работи на биопикот е моментално во Рим, а се појавија и првите фотографии од Даниел Брул како легендарниот дизајнер.
Брул, 44, кој има шпанско-германско потекло е фотографиран во сив костум, виолетова вратоврска, црни очила и секако незаборавното репче, заштитниот знак на Карл.
Сцената која што може да се забележи од фотографиите ги отскликува 70-те, времето кога дизајнерот започна да остава белег на француската мода.
Филмот Kaiser Karl, што ќе биде снимен во шест делови ја црпи инспирацијата од книгата на Рафаел Бак (2020) во која што се раскажува за животот на Лагерфелд по смртта на Коко Шанел.
Ќе биде ставен акцент на ривалството помеѓу Карл и Ив Сен Лоран, кое што не беше само во модата туку и во љубовниот живот - двајцата дизајнери беа вљубени во ист маж, Жак Де Башер.
За време на снимањето ќе бидат користени повеќе од 3.000 костими.
Брул инаку и претходно портретирал вистински ликови, како Ники Лауда, првакот во Формула 1, во биографскиот филм од 2013-та Rush.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Фото: Pinterest