Ретко видео од Кристијан Диор во неговото ателје во 1949 година

27 октомври 2022

„Помеѓу Ајфеловата кула и Шанзелизе, некогаш мирната Авенија Монтењ, сега е полна со автомобили од кои излегуваат најелегантните дами..."...

Така започнува документарниот филм „Haute Couture" во режија на Хенри А. Лаворел од 1949 година, кој ни дава редок увид во светот на Кристијан Диор и неговото ателје, додека ја подготвува неговата колекција Висока мода за есен-зима 1949 година.

Филмот го документира секојдневието на култниот француски дизајнер кој во своето ателје на сега легендарната адреса Авенија Монтењ 30, опкружен со скапи ткаенини, работни скици, асистенти и модели, работи на својата зимска колекција која на крајот од видеото ја прикажува во одбрано друштво дами од светската елита.

Интересно е тоа што, секој модел од оваа колекција имал свое име, а меѓу нив и познатиот фустан од раскошен сатен во розово насловен La vie en rose, за кој се претпоставува дека бил инспириран од истоимената песна на Едит Пјаф објавена истата година.

 

Објавено:
27 октомври 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
351 пати