Саем на книга 2019: Читањето е секогаш ИН!

9 мај 2019

Да се чита, да се биде едуциран, образован, информиран е секогаш ИН!

Подновете ја вашата домашна библиотека, надоградете го вашето знаење и искористете ги саемските попусти, за време на 31. Меѓународен саем на книга во Скопје, што беше отворен вчера (8-ми мај), а ќе трае до 14-ти мај.

Ние денеска го посетивме саемот, лоциран во ВИП Арената Борис Трајковски и меѓу големиот избор на наслови, си ги одбравме омилените од различни литературни жанрови, а топло ви препорачуваме и вие да го направите истото.

Инаку, во соработка со Скопски Саем, Унгарија и унгарската книжевност се во фокусот на 31-от Меѓународен саем на книга, па во тој контекст на специјализираниот унгарски штанд, посетителите имаат можност лично да се сретнат со авторите Едина Сворен и Ласло Багоши, како и со македонските преведувачи на унгарската литература Паскал Гилевски и Златко Панзов. Покрај врвните унгарски книги, ќе биде изложена и изложба на илустрации од современи унгарски детски книги.

На годинешниов саем излоуваат 60 домашни и странски издавачки куќи, со богата понуда и програми што вклучуваат промоции, тркалезни маси и настани.

По повод оджувањето на Саемот на книга, во соработка со ЈСП, за полесен пристап на посетителите на Саемот на книга, се воведуваат две нови линии, 100 и 200. Линијата 100 ќе сообраќа од населба Ново Лисиче до ВИП Арена Борис Трајковски, додека линијата 200 ќе сообраќа од населба Дексион до ВИП Арена Борис Трајковски. Цените на автобуските билети е според официјалниот ценовник на ЈСП.

Влезница за Саемот на книга чини 30 денари, додека за организирани посети на ученици е 20 денари. Работно време на саемот е од 10.00 до 20.00 часот.

 

Објавено:
9 мај 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.500 пати