Од студиото Warner Bros официјално е потврдено дека ќе се снима серија Harry Potter, која според прогнозите, би траела една декада.
Секоја сезона од серијата, ќе биде базирана на една од книгите, што се дел од франшизата, а познатиот актерски тим ќе биде целосно заменет со нов.
Писателката Џ.К. Роулинг, ќе има одредена улога во креативниот дел, но нема да биде дел од сценариото.
Серијата ќе се прикажува на нова платформа наречена Max, која што е спој од Discovery+ и HBO MAX.
Покрај книгите, кои што беа бестселери без исклучок, се снимија и осум Harry Potter филмови, кои што заедно заработија повеќе од 7,7 милијарди долари.
Популарноста на франшизата придонесе за тематски паркови, разни играчки, видео игри, па дури и за Бродвејско шоу наречено Harry Potter and the Cursed Child.
Фото:Pinterest