Легендарниот скопски хардкор бенд SMUT вечерва со почеток во 21 часот во МКЦ, речиси една година по издавањето, ќе направи концертна промоција на албумот „Тие се насекаде".
Со оглед на нивното огромно влијание на македонската алтернативна сцена и лојалната база на фанови што се екипираше низ годините, не е изненадување што концертот е речиси распродаден.
Во меѓувреме тие објавија и видео записи за две од песните што се најдоа на албумот, „Во мојот град" и „Три куршума", што нивните фанови ќе имаат можност да ги слушнат вечерва и во живо.
SMUT во рамките на концертната промоција ги најавија и гостите што ќе настапат како поддршка: Sanatorium, Зад Аголот и Последен удар.
Албумот „Тие Се Насекаде" е снимен во Поларити студио. За снимањето се погрижи Горан Ристевски, а микс и мастер е изработен од Ермин Хамидовиќ.
Инаку ова е петто студиско издание на бендот, а излегува под етикетата на Password Production.
Фото: Фан страна на SMUT