Софистицираност и гламур на БАФТА наградите во Лондон

19 февруари 2024

Во Лондон вчеравечер се одржаа престижните BAFTA награди коишто важат за Британски Оскари.

Кралската свечена сала беше местото каде се собра дел од Холивудскиот крем и европските филмски ѕвезди да им оддадат почит на најдобрите национални и странски филмови за годината што измина.

"Oppenheimer" доминираше со вкупно девет победи, а на црвениот тепих доминираа софистицирани и гламурозни изданија.

Од светкави тоалети до фустани што го отсликуваат сјајот на стариот Холивуд, низ класичната црна и коралните нијанси, црвениот тепих на БАФТА наградите си раскажа уште една модна приказна.

Фото Getty

Објавено:
19 февруари 2024
Категорија: 
Култура