Сопругата на претседателот Пендаровски и „5+ фамилија“ заедно на децата им раскажуваат приказни за инспиративни личности

23 април 2020

Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска иницираше проект „Раскажуваме заедно" во соработка со тимот на „5+ фамилија" преку кој децата од училишна и предучилишна возраст ќе слушнат приказни за развојот и успехот на поединци кои низ историјата, секој во своето време и во областа во којашто работел, оставил силна трага.

Првата приказна за животот на храбрата Малала Јусуфзаи - најмладата личност која некогаш била номинирана за Нобелова награда, ја раскажува токму нашата прва дама, преку видео кое ќе биде емитувано на профилите на социјалните мрежи на „5+ фамилија" и на Македонската радиотелевизија.

Понатаму ќе следуваат и приказни за Марија Кири, Ана Павлова, како и за други херои и хероини, и инспиративни личности со значајни општествени улоги.

Покрај Елизабета Ѓоргиевска, дел од оваа иницијатива ќе бидат и други јавни личности од земјава.

Во продолжение погледнете го видеото од првата приказна.

Објавено:
23 април 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
745 пати