Иако мал стан е избор за самец или помало семејство многу удобно можете да се сместите во стан кој има квадратура помала од 50 метри квадратни, а да ги содржи сите потребни елементи, стилизирани и погодни за разни потреби.
Стан за уметнички души
Овој стан е лоциран во рускиот град Сургут и е дом на младо семејство. Површината од 46 квадрати на најдобар начин ја одсликува љубовта на ова семејство кон уметноста. Иако кујната и дневната се поврзани, просторот е поделен со убава и креативна преграда.
Декоративен ѕид инспириран од уметноста на Пит Мондријан претставува камуфлажа за телевизорот, а истовремено внесува многу бои во домот.
Креветот за родителите и креветчето удобно се сместени во мала спална соба, иако не претставува долгорочно решение, станот е совршен за краток период од детството.
Дизајнерот дури успеал да вклучи и работен простор во мирно, изолирано катче со доста природна светлина.
Стан за млад и активен пар
Овој стан е дело на дизајнерот Алексеј Степанов, осмислен за млад и активен пар. Кујната е всушност многу пространа за стан од 48 метри квадратни и сместена е зад дневната соба која и понатаму го пружа потребниот комфор. Нешто слично смислил и тимот од дизајнери од „In2architecture“ студиото за својот преубаво дизајниран еднособен стан за млади.
Шанкот служи за подготовка на храна како и за обединување
Големиот аквариум е значаен дел од ентериерот бидејќи покрај тоа што го рефлектира карактерот на станарот, внесува и бои и живот во просторот.
Во спалната соба, просторот за складирање е многу важен елемент. Фиоките уградени цо кревет по мерка, високите полици и комода под телевизорот пружаат доволно место за собирање на дневните ситници кои не мораат да се гледаат. Добар пример како вешто можат да се искористат трикови за складирање на работи.
Идеален стан за самец
Овој минималистичен простор е наменет за станари кои живеат сами. Без ограничувања на традиционалниот распоред на дневната соба, дизајнерите осмислиле отворен просто осмислен со софа свртена кон трпезаријата и кујната. Слично решение може да се уочи и во случајот на совршен осмислениот отворен простор на младиот брачен пар во близина на Санкт Патерсбург.
Креветот е сместен во еден агол на просторијата, доволно повлечен да пружи чувство на приватност.
Плафонот претставува уште еден интересен детал на овој ентериер бидејќи различни текстури и вградени елементи на осветлување се употребени за просторот без прегради визуелно да се подели.
Станот го красат многу внимателно избрани елегантни детали што може да се види во секој агол на овој преубав стан.