Меган Маркл актерка

Таа е лудо вљубена во својот принц!

6 септември 2017

Тие двајца имаат долга историја на „криење“ на нивната љубов. Како што велат нивната врска од ден на ден е се посилна и посилна.

Меган Маркл за прв пат во интервју за Vanity Fair јавно изјавува дека е лудо вљубена во нејзиниот принц Хари, во октомвриското издание на овој престижен месечник.

 

Меган има 36 години, се прославува во серијата „Suits“, но последнава година се повлекува од јавниот живот само од една причина како што вели: Само на тој начин може да си ја сочуваме љубовта и приватноста. Ние сме пар. Ние сме многу вљубени. Верувам дека ќе дојде време кога ќе си ги раскажеме приказните, сега ова време е само наше. Никогаш ниту во еден момент не се сменив со оваа моја животна приказна. Тие што навистина ме познаваат, а тоа се само неколкумина, знаат каков човек сум јас. Многу е едноставно, ние само многу се сакаме.


Ги врзува хуманитарната работа. Принцот Хари пак ќе изајви дека е подготвен да формира семејство и многу сака деца. Ги предупреди медиумите за нејзината боја на кожа да бидат внимателни со коментарите, оти нема да може да ја заштити во секој даден момент, и дека презира разни дискриминации.

Самата Меган ќе изјави, после огромниот успех на серијата, после сите фотографирања ја фотошопирале за да и биде лицето поизбледено и да ги нема дамките.

„Отсекогаш сум си ги сакала своите дамки“ - ќе изјави Меган Маркл.

 

Објавено:
6 септември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.139 пати
Извор: 
vanity fair