Трето издание на Охридскиот вински фестивал

19 јуни 2024

На 27, 28 и 29-ти јуни на улица „Кеј Македонија" пред хотелот Палас во Охрид, веќе традиционално ќе се одржи третото издание на винскиот фестивал – „OHRID WINE FESTIVAL".

Посетителите ќе имаат можност да дегустираат од најубавите македонски вина, вкусна храна и одлична културно-музичка програма со македонски музички артисти.

На брегот на Охридското езеро посетителите ќе имаат можност да уживаат во музиката на Влатко Лозановски, Ареа, Куку Леле, Миле Кузмановски, Некст Тајм и многу други, а оваа манифестација го најавува и летниот културен бран на нашата најзначајна туристичка и културна дестинација.

 

Објавено:
19 јуни 2024
Категорија: 
Култура