За гастрономи, романтичари, авантуристи, љубители на модата, уметноста, шопинг фанатици, фотографи – Италија е заедничка љубов која нуди предизвици за сите.
Ако на вашата летна агенда е Италија, тогаш сигурно ве очекува возбудливо и исполнето лето.
Тесните калдрмени улици на Фиренца со бесконечните редици винтиџ кафетерии и фасцинантната уметност која го дефинирала ликот на градот, се сосема доволни за оние со уметнички и боемски дух да си посакаат вечност во овој град со богата историја.
Милано е вистинско олицетворение на темпераментот на Италијанците, динамичен, шармантен, спој на модерната архитектура и импозантните историски градби, утра со мирис на кафе и ноќи со младешки дух.
Плажите на Џенова, историјата на Рим, романтиките на Венеција, луксузот на Портофино, вкусната пица во Неапол, спокојот на Торино – Bella Italia!