Улица во Србија ќе го носи името Тоше Проески
•
19 ноември 2019
Собранието на градот Панчево веќе го разгледува барањето на граѓаните на местото Јабука, една од нивните улици да го носи името на нашиот пејач Тоше Проески.
Како пренесува „Б-92“, во селото во близина на споменатиот град, живеат доста Македонци, а сите жители се согласиле со идејата да му се оддаде почит и воедно да му се оддолжат на саканиот Тоше за сета убавина што им ја пружил преку својата личност и дело.
Со прифаќањето на предлогот, односно барањето, ова ќе биде првата улица што ќе го носи името на ѕвездата што ја обожаваше цел Балкан.
Кај нас пак, постои само пешачка улица во населбата Ново Лисиче, што го носи неговото име, каде се наоѓа и музичка фонтана (која често и не работи), направена токму во негова чест.