Следниот викенд, на 28. и 29. април за прв пат во Македонија се одржува фестивалот на улична уметност „Урбан Фест" што на публиката ќе и овозможи непосредна и возбудлива средба со различни форми на уметноста, а со акцент на живите статуи.
Фестивалот ќе биде лоциран во центарот на Скопје, „Сквер Јадран", а е во организација на „Театроск", продукција за улична уметност.
Ова беше супер повод да поразговараме со Војо Цветановски, кој е дел од организацијата на фестивалот, а во продолжение ги открива деталите за овој урбан настан.
Со оглед на тоа дека „Урбан Фест" за прв пат се одржува кај нас, кажете ни како е конципиран фестивалот?
Она што за мене беше многу важно, беше УРБАН ФЕСТ да биде поставен камерно – музејски. На тој начин сметам дека посетителите ќе имаат можност вистински да се запознаат со она што фестивалот, а и уметноста на живите статуи ќе им го понуди. Да се биде многу близу до уметноста, според мене е многу важно, близу во смисол посетителите / публката да можат да ја почувствуваат на своја кожа пораката која им се испраќа. Затоа е и поставен камерно – музејски.
Кој го организира?
Фестивалот целосно е поддржан од општина Центар, а е во организација на „Театроск“, продукција за улична уметност од Скопје која до сега е селектирана на преку стотина фестивали за улична уметност секаде во светот.
Имате одлична листа на учесници. Споделете со нашата публика кои артисти ќе учествуваат и врз која основа се врши селекцијата?
Да се направи селекција на меѓународен фестивал од ваков карактер е навистина тешко бидејки сите она што го нудат како уметност е прекрасно. На Урбан Фест ќе настапи Џон Еик од Германија или Candyman кој е два пати прогласуван за светски шампион , доаѓаат Чоколадниот пар од Португалија кои исто така по мене се едни од покреативните живи стаутуи, доаѓаат Стојчо Стојанов (Матриск) и Надежда Гончева (Бабата) од Бугарија кои се маестрални во сценскиот пристап, тука ќе бидат и БЕТОНЦИТЕ, млади Сараевчани кои ќе цртаат 3Д уметност, свој настап ќе имаат и Карлос Фереира од Португалија кој е велелпен во начинот на кој ја има поставена својата уметност, Хелена Реис од Португалија артист со една неверојатна енергија, Афке Вестдиијк од Холнадија која исто така се има стекнува со голем број награди на фестивалите во Белгија Холандија, Мајсторот и Маргарита од Србија, двајца млади артисти кои го поставија во статуа формат ремек делото на Булгаков. Тука, секако се и нашите, македонските артисти, Дарко Велјиќ, Филип Илиев и Театроск, кои се дел од мојот живот и за мене секогаш ќе бидат најдоброто нешто што сум го сретнал воопшто.
Во кратки црти задоволен сум од селекцијата за овој прв „Урбан Фест" бидјеки сите кои ќе настапат се веќе докажани и признати со уметност која ќе ја постават и во Скопје.
Инаку на Урбан Фест доаѓа и Европскиот Статуа Проект, тоа се неколкумина артисти / живи статуи од повеќе земји кои настапуват заедно и имаат за цел директно анимирање на посетителите.
На Урбан Фест ќе има и музичка програма каде свое учетство ќе земат; Фолтин, Летечки Пекинезери, Бугимен, Шурбе, Маци и Оги.
Интересно ќе биде тоа што во сабота, 29 април во 13:30 Летечки Пекинезери заедно со Европскиот Статуа Проект ќе имаат матине настап
Кажете ни повеќе за позадината на фестивалот и целата идеја околу неговото поставување.
Прв пат годинава ја испишуваме историјата на Урбан Фест, со дводневна програма, на 28 и 29 април. Инаку позадината на сево ова почна уште пред четири години кога се роди идеата да се направи ваков фестивал во нашиот град. Низ годиниве ја созрававме идеата за Урбан Фест и одлучивме дека дојде време истата да се реализира токму оваа 2017.
Колку Македонија и Скопје нудат простор за улична уметност?
Лично јас сметам дека не постои град на светот кој не нуди простор за фестивали од ваков карактер. Потребно е да се има добри креативци кои се занимаваат со уметност од ваков карактер и тие веднаш ќе ја најдат формулата како да се постави истиот, во било кој град.
Решението да го поставиме Урбан Фест на „Сквер Јадран" беше токму од причина што сакавме да го поставиме во камерно – музејски формат.