„Valentino: At the Emperors Table“ – готвачот е составен од омилените јадења на познатиот дизајнер и сопственик на модна империја, Валентино Гаравани.
Во својот готвач, дизајнерот ги наведува омилените специјалитети и посветува неколку поглавја да го објасни начинот на кои во неговите резиденции и се приоѓа на храната, начинот на кој се приготвува и служи.
Преку различните гастрономски примери и истражувања, во книгата успешно е раскажано и доловено со помош на фотографии од секојдневието на дизајнерот во неговите палати во Лондон, Париз, Њујорк, Рим и Гштад. Од богатата плејада на фотографски кадри може да се види и раскошната трпеза на масата како и посебните колекции на прибор за јадење кои тој ги користи. За прекрасните фотографии е задолжен Оберто Гили кој стана познат по своите фотографски приказни за ентериери во 1970 – тите години.